Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), доколку со Програмата не е поинаку одредено, според следната скала:
за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Во случај на отказ на аранжман од страна на патникот, кој бил уплатен за време на попуст или аранжман од специјалните промоции на агенцијата (т.н first minute, early booking понуди и сл.) за кои цените со попуст важат единствено доколку се уплати износ од 30%или50% од вклупниот износ на аранжманот до датумот на важност на попустот, уплатениот износ е нерефундабилен, односно не се враќа на патникот и истиот износ не може да се искористи за друг тип на аранжман.При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот и во Општите услови на патување (член 6 став 1).При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.