Општи услови за патување
01. Општи одредби
Овие општи услови се прилог кон Договорот за патување и се негов составен дел. Со склучувањето на пријавата-договорот за патување (во понатамошниот текст: ,,Договорот“)помеѓу МАЈТРИП ДООЕЛ Битола, во понатамоѓниот текст како Агенцијата и патникот-купувач на патувањето/аранжманот, патникот-купувач на патувањето/аранжманот потврдува дека нему и на сите лица-корисници на аранжманот (во понатамошниот текст ,,Патникот“) му се врачени овие Општи услови на патување (во понатамошниот текст: ,,Општите услови“) како и дека истиот е запознаен со програмата на патување (во понатамошниот текст: ,,Програмата“). При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот изјавува – Изјавувам дека сум запознат со Програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам! со што Општите услови на патување, стануваат обврзувачки за Агенцијата и Патникот, патникот-купувач на патувањето/аранжманот и сите лица корисници на патувањето/аранжманот.
02. Содржина на аранжманот
Агенцијата гарантира реализација на аранжманот според описот во Програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила” која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, епидемии, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично) како и во случај на пречки надвор од контрола на Агенцијата, или во случај на пречки кои Агенцијата не може да ги надмине без настанување на штета за истиот. Пред склучување на Договорот, Агенцијата може во секое време да го измени описот на своите услуги во Програмата. Патникот и Агенцијата констатираат дека Патникот е известен за сите евентуални промени на податоци од Програмата, пред склучувањето на Договорот и дека Патникот е запознаен со истите.
03. Пријава – Договор и уплата
Пријавата – Договорот се прави во писмена форма, до пополнување на капацитетот на слободни места, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна пријава. Патникот може да се пријави за патувањето и да склучи Договор во просториите на Агенцијата , како и преку размена на писма или преку комуникациските средства со Агенцијата. Патникот може да се пријави за патувањето и да склучи Договор и во сите други туристички агенции кои имаат склучено договор со Агенцијата за посредување на продажба на патување, односно кои се овластени за продажба на нејзините програми за патување. При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот уплаќа аванс во висина од 30% од вредноста на цената на целиот аранжман, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата. Остатокот од договорената цена се плаќа по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата. Доколку Патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, Агенцијата ќе смета дека Патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот од Патникот, согласно условите од Член 07 од Општите услови. За датум на уплатата се смета датумот на уплатата на сметката на Агенцијата или Посредникот. Секоја уплата на аконтација се води како уплата за сите патници, а не само за одреден патник од Договорот. Доколку Патникот не изврши уплата на авансното плаќање или на целата цена на аранжманот благовремено, Агенцијата на патувањето може да се откаже од Договорот за патување и да бара надомест во согласност со точка 07 од Оштите услови.
04. Цена на аранжманот
Цените за сите патувања/аранжмани се објавени во Денари или во Евра со обврска Патникот да врши плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс – објавен од страна на Агенцијата. Цените се формираат од страна на Организаторот и истите не може да бидат предмет на приговор од страна на Патникот. Со потпишување на Договорот се смета дека Патникот се согласил со цената на аранжманот. Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот и по склучување на пријавата – Договорот за патување, и тоа во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, вклучувајќи но не ограничувајќи се на цените за превозни такси, цените на горивото и/или основните намирници, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената на аранжманот до 10% не е потребна согласност од Патникот (се пресметува на остатокот од уплатата). За зголемување на цената на аранжманот повеќе од 10%, Патникот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот. Агенцијата го известува Патникот за зголемувањето на цената повеќе од 10 % благовремено, по пат на емаил или во писмена форма. Доколку во рок од два дена од приемот на известувањето, Патникот по писмен пат не ја извести Агенцијата дека се откажува од Договорот, се смета дека Патникот ја прифатил новата цена и должен е истата да ја плати во целост. Во случај Патникот да бара исполнување на дополнителни услуги од понудените во Програмата, Патникот е должен за истите да изврши дополнителни плаќања. Услугите извршени во странство кои не се однапред договорени и платени од страна на Патникот, Патникот ги плаќа на лице место на непосредниот извршител на услугата. За сите дополнителни услуги и плаќања кои Патникот ги врши на лице место на непосредниот извршител на услугата, Агенцијата нема никаква обврска и плаќањата извршени од страна на Патникот по овој основ, Патникот нема право да ги бара од Агенцијата.
05. Категоризација и опис на услугите
Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на објавување на Програмата. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Агенцијата не презема одговорност доколку квалитетот и стандардите на услугите не соодветствуваат со официјалната категоризација. Агенцијата не презема одговорност ниту за било каква друга усмена или писмена услуга и/или информација која не е содржана во описот на услугите во понудената програма. Агенцијата на патувањето не го обврзуваат усните рекламации на продажните места, кои не се во склад и отстапуваат од описот даден во Програмата. Агенцијата не го обврзуваат рекламациите издадени од понудените хотели и апартмани кои не се дел од содржината на описот дадена во Програмата.
06. Право на организаторот за измени и отказ на аранжманот
По склучување на пријавата – Договорот, а пред почеток на патувањето::
Агенцијата има право да ја измени Програмата (во времетраењето или содржината), како и да ја измени цената на аранжманот, во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, како и во случај на пречки поради кои истиот би трпел штета од реализирање на Програмата;
Во случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички проблеми или “over booking” од страна на хотелиерот, Агенцијата има право да го смести Патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или доколку не е возможно да биде обезбедено сместување во објект од иста категорија, Патникот ќе биде сместен во објект од повисока категорија, без дополнителен надомест. Во ваков случај Патникот нема право да го избере објектот во кој ќе биде сместен. Во случај доколку не е можно сместување во објект од повисока категорија, Агенцијата ќе му понуди на Патникот сместување во објект од пониска категорија со тоа што ќе побара согласност од истиот.
Агенцијата има право да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Во случај на отказ на аранжманот, Агенцијата е должена да ги извести сите патници за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства.
За време на патувањето:
Агенцијата има право да го промени денот или часот на патувањето, како и да направи промена на програмата на патувањето и изврши потребни измени во Програмата, доколку се променат условите за патување (променет распоред на лет, принудно слетување, преполна граница или сообраќај, затворање на кое било од назначените места, визни промени, безбедносна состојба, природни непогоди или други вонредни и објективни околности и виша сила) без обврска да плати надомест на штета на Патникот.
За промените организаторот има обврска веднаш и на најпогоден начин да го извести Патникот. Во случај ако Патникот интервенира во извршувањето и спроведувањето на патувањето со грубо и недолично однесување, без оглед на дадените предупредувања, Агенцијата може да бара надомест за направените трошоци.
Во случај на појава на вонредни околности за време на патувањето што не може однапред да се предвидат, а кои може да се поистоветат со виша сила (терористички напади, вонредна состојба, експлозии, инфекции, зарази, епидемии и други болести, природни непогоди, климатски услови и сл.), двете договорни страни имаат право да го раскинат Договорот, при што Агенцијата не сноси одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите. Агенцијата не презема никаква одговорност ако Патникот го одбие понудениот превоз со обезбедено средство за транспорт од страна на Агенцијата.
07. Право на патникот за откажување на патувањето
Патникот има право во секој момент да се откаже од патувањето и за откажувањето е должен да го извести Агенцијата во писмена форма. Датумот на писменото откажување на Договорот претставува основа за пресметка и наплата на надоместокот што му припаѓа на Агенцијата како последица на откажувањето, изразен како процент во однос на вкупната цена на патувањето/аранжманот, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата и тоа согласно следнава скала:
а) За пакет аранжмани (автобуски, авионски и комбинирани програми, како и чартер програми, бродски крстарења) патникот може да го откаже патувањето според наведените услови во самата програма.
Напомена: За одредени програми не постои можност за откажување поради издадени билети со редовни авионски превозници кои не можат да се откажат или променат.
б) За резервации за хотели откажувањето на резервацијата мора да биде во согласност со наведените отказни периоди на самата понуда.
в) Резервациите кои содржат било каков попуст (пр. Early booking, Last minute, SPO и слично) се без право на отказ и подлежат на 100% отказни пенали, освен доколку не е наведено поинаку.
г) Доколку на самата програма/понуда не се наведени отказни периоди и ако истата не содржи попуст, тогаш се постапува по следната скала:
• за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5%
• за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето 10%
• за отказ од 29 до 20 дена пред патувањето 20%
• за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
• за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
• за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
• за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.
По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи:
А) за бродски крстарења 1.Согласно условите за патување кои ке ги креира давателот на крајна услуга, и ке зависат од период на патување.
Б) за програми од понудата на ,,Далечни патувања“ 1. Согласно условите за патување кои ке ги креира давателот на крајна услуга, и ке зависат од период на патување.
В) за програми од понудата на ученички екскурзии, настава во природа, студентски патувања ,конгреси и семинари 1.Согласно условите на патување кои ке бидат различни во зависнот од Договорот на двете страни и ќе бидат дополнително договорени.
Г ) за патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или во последен помент 1.За отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума. Доколку Патникот благовремено го откаже аранжманот, Организаторот има право на манипулативен трошок во износ од 10 Евра по пријава-договор.
Промената на договореното место, датумот на патување, средството за превоз, сместувачкиот капацитет, сместувачката единица, недобивањето на виза, неплаќање на договорената цена, итн., се смета за откажување од патувањето и Агенцијата не сноси никаква одговорност за истото. Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно Агенцијата ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 € / Евра, по пријава-договор.
Доколку Патникот го откаже Договорот непосредно пред патувањето поради ненадејно заболување на Патникот, брачниот другар, дете, родител, брат или сестра на Патникот, посвоителот и посвоеник, смрт на патникот, брачниот другар, дете, родител, брат или сестра на патникот, посвоител и посвоеник, како и во случај на откажување поради повик за воена вежба на Патникот, елементарна непогода или вонредна состојба официјално прогласена од надлежен орган на земјата на патување, Патникот е должен да му ги надомести на Агенцијата само направените трошоци (превоз, сместување, аранжмани за патувања и сл.). За далечни и индивидуални патувања, Патникот е должен да го исплати аранжмманот во целост, освен во случај доколкуј давателот на услугата прифати повраток на средства.
За наведените случаи, Патникот е должен да му достави на Агенцијата доказ од соодветни надлежни органи со кој се потврдува дека Патникот е спречен да го реализира патувањето. Локални терористички напади, експлозија, зарази, епидемии и други болести, елементарни непогоди, климатски услови и сл. за кои нема формално означување како вонредна состојба од надлежни државни органи во земјата на поаѓање или пристигнување, не се сметаат за причина за отказ или престанок на патувањето и Патникот нема право на рефундација на уплатените средства како цена на патувањето.
Под ненадејно заболување се подразбира ако е потврдено од овластен лекар, утврдено како ненадејна и неочекувана болест или органско пореметување, кое настанува после склучувањето на Договорот за патување и кое не е поврзано или е последица на претходна здравствена состојба и е од таква природа што бара третман, престој во болница (хоспитализација) и го спречува почетокот односно користењето на договореното патување.
Во случај на откажување на Договорот поради настан кој е опфатен со полисата за осигурување, Патникот го остварува своето право директно од осигурувачот. По откажувањето на Договорот, Агенцијата нема обврска да му ги врати на Патникот трошоците наплатени за посредување за добивање на виза, како и за останатите исплатени трошоци.
08. Обврски и права на организаторот на патувањето
Агенцијата е обврзана да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот.
Агенцијата не одговара за штетата која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, за кои одобрение или лиценца за работа издава и контрола над работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани.
Агенциајта исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства.
Агенциајта на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезната виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправеност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи Патникот на свој трошок ги плаќа дополнителните трошоци и Патникот нема право ваквите трошоци да ги бара од Агенцијата.
Агенциајта не сноси одговорност доколку Патникот го изгубил патниот документ пред патувањето или за време на патувањето, или доколку патниот документ на Патникот е неисправен, со изминат рок или со недоволен период на важност за влез во земјата во која патува. Во ваков случај Патникот сам ги доплаќа дополнителните трошоци и Патникот нема право ваквите трошоци да ги бара од Агенцијата.
Во горните случаи, Агенцијата ќе се обиде да обезбеди соодветна помош на Патникот за безбедно враќање од патувањето или остварување на евентуални побарувања од давателот на услугите, при што Патникот ќе му плати на Организаторот за трошоците кои ќе произлезат од тие дополнителни услуги.
09. Обврски на патникот
• Патникот (лично патникот-купувач и сите лица корисници на аранжманот) е обврзан:
Детално да се запознае со Општите услови и јасно и по писмен пат да ги истакне посебните барања кои не се опфатени со објавување на Програмата.
• Да ја плати договорената цена под условите, роковите и начинот предвиден во Договорот.
• Да надомести штета која ќе ја направи кон непосредните даватели на услуги или трети лица;
• Пред потпишување на Договорот, да се информира на интернет страницата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија (www.mfa.gov.mk), како и да се информира и на други соодветни начини за земјите на така наречен висок или умерен ризик.
• Да достави навремено до Агенцијата точни и комплетни податоци и документи потребни за организирање на патувањето и да гарантира дека тој, неговите патни исправи, багаж и др., ги исполнуваат условите одредени со прописите на матичната, транзитна и крајната земја на патувањето (гранични, царински, монетарни и други прописи).
• Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на Агенцијата и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, Патникот одговара на Агенцијата за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот можат да бидат отстранети од аранжманот.
• Да поседува важечки пасош и да се информира кај Агенцијата дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди;
• Да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува;
• Да се информира за правилата за користење на угостителските и хотелските објекти директно од извршителите на услугите.
• Да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
• На лице место, веднаш и без одлагање, да го соопшти оправданиот приговор, по правило во писмена форма на Организаторот или лицата наведени во патната документација.
• Да се информира кај овластените претставници на Агенцијата, најдоцна за 24 часа, но не порано од 48 часа, за точното време на поаѓање и враќање од патувањето.
10.1 Авионски превоз
Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација во согласност со пропишаните правила и прописи.
Превозот на патниците со авион е регулиран со меѓународните правила кои важат за авионскиот сообраќај, како и согласно правилата на авионската компанија која ја ангажира организаторот на патувањето.
Патникот е должен да ја провери својата резервација за лет во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетувањето.
Патникот е должен да се информира на аеродромот за местото за чекирање и предавање на багаж во вообичаеното време – час и половина пред полетувањето.
Во случај на промена на предвиденото време на полетување и слетување на авионот од страна на авиокомпанијата, задоцнување на авионот и откажување на летот, Организаторот на патувањето не сноси никаква одговорност за евентуалните последици.
За било какви неусогласености на личните податоци дадени на Агенцијата на патувањето при пријава на аранжманот, со податоците од пасошот на патникот кои може да предизвикаат последици од прогласување на картата за нерегуларна и издавање на нови авионски карти се на трошок на Патникот и Агенцијата на патувањето не снови никаква одговорност.
Патникот е одговорен за својата авионска карта од моментот кога ќе ја добие од претставникот на агенцијата на аеродромот или од службеникот во туристичката агенција. Патникот во целост ги сноси последиците од губење на авионската карта пред или во текот на патувањето. Не постои можност да се издаде дупликат авионска карта ниту на бординг карта за влез во авионот, при што трошоците за нова авионска карта ќе ги сноси Патникот.
Доколку Патникот не го реализира патувањето поради горенаведените причини, Агенцијата на патувањето нема обврска да изврши рефундација на средствата платени за патувањето/аражманот и нема да се применуваат правилата за виша сила.
10.2 Автобуски превоз
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери, се извршува со стандардни туристички автобуси согласно прописите ио критериумите кои важат во земјите во кои е регистриран автобускиот превозник ангажиран од страна на Агенцијата на патувањето.
Не постои однапред дефиниран распоред на седишта на патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата во текот на патувањето со автобус. Местата во автобусот се доделуваат последователно според датумот на пријавување на аранжманот од страна на патникот. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, во кој случај ваквото патување е регулирано со посебна одредба во програмата на патувањето.
11. Багаж
Во случај на авионски превоз, Патникот има право на превоз на багаж според правилата на авиокомпанијата и условите определени со Програмата.
Кај автобускиот редовен превоз и автобускиот чартер превоз, дозволен е багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник и една рачна торба, доколку не е поинаку определено од страна на превозникот или програмата. За секој килограм багаж над дозволеното и надминување на дозволените димензии на патна торба, превозникот има право да наплати од Патникот дополнителен трошок, чија висина зависи од дестинацијата на патување. Патникот нема право ваквиот трошок да го побарува од Агенцијата на патувањето. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, право на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила.
Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети.
При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот од возилото, се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата на Агенцијата.
Во случај на уништување или губење на багажот, Агенцијата не сноси никаква одговорност и Патникот не може да бара надомест на трошоци или било каквов надомест по основ на оштетен или изгубен багаж од Агенцијата на патувањето.
Агенцијата на патувањето не одговара за уништениот багаж или изгубениот багаж, или драгоцености за време на престојот во Објектот наменет за сместување.
12. Здравствени прописи и заштита
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа Патникот.
Агенцијата препорачува, Патникот пред патувањето да направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна компанија, која може да се уплати кај Агенцијата.
13. Сместување во соби и апартмани
Доколку Патникот при пријавување кај Агенцијата на патувањето и склучување на Договорот за патување не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект.
Доколку Патникот има дополнителни барања (комфор, ориентација на собата, кат и слично), Агенцијата ќе се обиде да одговори на таквите дополнителните барања на Патникот, но не гарантира исполнување. Вообичаено сместување во собите е 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот, доколку не е поинаку пропишано од страна на давателот на услугата.
Земајќи ја предвид моменталната ситуација со вирусот Ковид -19, давателите на услугите за сместување го задржуваат правото да направат промени во содржината без да извести трета страна, поради што Агенцијата нема одговорност кон Патникот за промените направени од страна на давателот на услугата.
14. Индивидуална програма за патување и поединечни услуги
Индивидуално патување (во натамошниот текст: Индивидуална програма) на Патникот е комбинација од две или повеќе услуги, како и повеќедневно патување кое вклучува услуга за сместување за одредени датуми, а кое го организира Агенцијата за потребите на Патникот.
Во случај на Индивидуално патување не се применуваат одредбите од Општите услови кои по својата природа би се применувале исклучиво кај групните патувања и програми.
За индивидуални патувања и „резервации на барање“, Патникот уплаќа депозит во износ не помал од 50 евра во денарска проотиввредност според продажниот курс на банките на денот на уплатата. Доколку резервацијата биде прифатена од страна на Патникот, депозитот се пресметува во цената на услугата. Доколку резервацијата не биде потврдена од агентот на услугата во договорениот период, депозитот се враќа во целост на Патникот. Доколку Патникот не ја прифати понудената или потврдена резервација, што е целосно во согласност со барањата на Патникот, износот на депозитот го задржува посредникот за услуги, во целост..
15. Заштита на лични податоци на патникот
Личните податоци на Патникот, кои тој доброволно ги дава, се деловна тајна на Организаторот. Патникот се согласува дека Агенцијата може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.
16. Решавање на приговори
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, Патникот има право на надомест на предизвиканата штета, исклучиво доколку од свое име достави писмен приговор до Агенцијата. Агенцијата нема обврска да одговори на приговор доставен од повеќе лица.
Постапка за поднесување приговор:
Патникот има обврска веднаш и без одлагање да ја рекламира услугата кај претставникот на Агенцијата, а доколку истиот го нема, кај давателот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со давателот на услугите во добра намера за да се отстранат причините за приговорот. Доколку Патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, Агенцијата нема да ја уважи дополнителната рекламација на Патникот и нема да одговори на истата. Ако причината за рекламацијата не биде отстранета,
Патникот е должен за рекламацијата да состави писмена потврда (записник) со претставникот на Агенцијата. Агенцијата нема обврска да одговори на приговорите кои не се поткрепени со писмена потврда (записник).
Патникот е должен да достави писмен приговор во рок од 8 дена дена по завршувањето на аранжманот до продажното место каде што го уплатил аранжманот, а кон приговорот е должен да ја приложи писмената потврда (записник) потпишана одпретставникот на Организаторот, како и докази за претрпената штета. Агенцијата ќе ги разгледува единствено оние приговори кои се доставени согласно Општите слови и кои содржат потполна и релевантна документација.
Агенцијата е должен да одговори на приговоротво рок од 14 дена од прием на приговорот. . Агенцијата може да го одложи рокот одговор на приговорот во случај на потреба од дополнителни информации и проверка на наведените рекламации кај давателот на услугите.
Агенцијата нема обврска да одговори на приговор кој повикува на пречки кои можеле да бидат отстранети во местото на користење на аранжманот.. Во периодот додека трае постапката по приговорот кај Агенцијата, односно додека Патникот не добие одговор од Агенцијата, Патникот се обврзува да ја чува содржината на приговорот во тајност, како и се се откажува од барање за посредување од било кое друго лице, водење на судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Во спротивно, или во случај на било каква каква активност преземена од Патникот која е спомената или не, Агенцијата има право без образложение да ја прекине отпочнетата постапка, да го одбие приговорт да и заведе судска постапка за штета против Патникот Евентуалниот надомест за Патникот по основ на приговорот може да достигне сума најмногу до износот на рекламираниот дел од услугите, а во кој дел не се вклучени веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Во случај на надомест од страна на Агенцијата, Патникот се откажува од правото да истакнува било какво побарување по основ на наплата на штета.
17. Надлежност на судот
Во согласност со точка 16 од овие услови, Патникот има право на рекламација кај Организаторот. Доколку Патникот не е задоволен со одговорот на Агенцијата, или доколку Агенцијата не одговори на Патникот согласно пропишаните рокови во овие Општи услови, Патникот има право да заведе судска постапка пред Основниот граѓански суд во Битола